Средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, г. Антонио Гутереш
|
Четврток, 27 Септември 2018
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, г. Антонио Гутереш.
На средбата се разговараше за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации.
Претседателот Иванов ја реафирмираше силната посветеност на Република Македонија за зајакнување на улогата на Обединетите Нации во справувањето со глобалните предизвици.
Глобалните предизвици бараат глобален, координиран и унифициран одговор, за што ни требаат силна и ефективна Организација на Обединетите Нации, потенцираше претседателот Иванов на средбата.
На средбата беа разменети мислења за актуелната внатреполитичка состојба на Република Македонија. Во однос на Договорот од Преспа, претседателот Иванов го повтори својот став дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, во однос на претстојниот референдум рече дека македонскиот народ треба сам да ја донесе одлуката и дека таа одлука ние ќе ја почитуваме.
|