Претседателот Иванов се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј
|
|

Претседателот Иванов по средбата истакна дека Вселенскиот патријарх бил заинтересиран за ситуацијата во Македонија, но и информиран за состојбите во регионот. Претседателот Иванов на Вартоломеј му врачи покана да учествува на Втората светска конферецнија за дијалог меѓу религиите, што во мај идната година ќе се одржи во Охрид. - На неговата светост му подарив книга од првата конференција, со сите пораки на повеќе од 250-те учесници на собирот од целиот свет.
|