Претседателот Иванов во Ерусалим се сретна со Премиерот Нетанјаху
Среда, 21 Октомври 2009   


Претседателот Иванов ги образложил македонските интереси за стапување во полноправно членство во Европската Унија и во НАТО, со што Македонија уште посилно ќе продолжи да го дава својот постојан придонес кон стабилноста и динамичниот развој на регионот и пошироко, преку меѓународните мировни мисии. Премиерот Нетанјаху на средбата покажа голем и сериозен интерес за продлабочување на соработката, особено во економската сфера. Иванов и Нетанјаху разговараа за јасниот интерес на повеќе израелски компании за инвестирање во Македонија, особено во областа на високата технологија.
Премиерот Нетанјаху воедно покажа интерес за изградбата на Музеј на Холокаустот во Скопје, и изразил желба лично да присуствува на неговото отворање.

  Back<<Назад