Отворена првата Народна Канцеларија
Петок, 30 Април 2010   

Реализацијата на ваквиот проект беше предвидено во мојата изборна програма, и тој треба да овозможи институцијата претседател на Република Македонија да може да биде поблиску до граѓаните. Тоа треба да биде место каде тие можат да се информираат за надлежностите на претседателот, да достават се она што сметаат дека е потребно да го знае Претседателот, да достават предлози и претставки, рече на отворањето на канцеларијата претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот појасни дека во канцеларијата ќе работат волонтери кои ќе бидат во непосреден контакт со граѓаните ќе ги упатуваат, да и укажат доколку некој проблем е во надлежност и на други институции, односно да им овозмоат на граѓаните што полесно да ги претстават своите иницијативи предлози и преставки. Во Канцеларијата има волонтери од неколку етнички заедници.

Локацијата на канцеларијата, додаде претседателот Иванов, е избрана да биде во центарот на градот во близината на плоштадот со цел да биде подостапна за граѓаните.

Претставките и предлозите кои ќе се достават до Нариодната канцеларија, ќе бидат проследени во надлежните служби на Кабинетот на Претседателот. Покрај канцеларијата во Скопје планирано е отворење вакви канцеларии во сите поголеми градови во државата.

  Back<<Назад