
„Девет генерации на Школата ги воведуваме во тајните, вештините, знаењето, практиката на лидерството. Во овие девет години станавме и препознатлив бренд", рече претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на отворањето на деветтата Школа за млади лидери, што од 20 до 31 август 2018 година се одржа во Струга.
„Посветени сме се што се случува на глобално ниво да го пренесеме на младите кои имаат желба и потреба од знаење. Вие сте дојдени тука да учите и да се усовршувате. Знаењата многу брзо застаруваат, но мудроста е вечна, оние што учат од мудрите ќе знаат секогаш да се снајдат што и да се случи", рече претседателот Иванов.
„Ќе имаме брз развој на технологии, на иновации, на знаење, на умеење, на вештини, но едно нешто останува да биде чисто човечко – тоа се вика етика. Етиката не е односот кон самиот себе, етиката е односот кон другите. Етиката секој пат се изразува преку тоа колку сте одговорни за другите, колку вие водите грижа за тие околу вас, во вас, тие што ве опкружуваат, тие што ви помагаат, родителите што ве израснале, учителите што ве научиле, докторот што ве излечил. Односот кон другите е прашање на етика", порача претседателот Иванов.
„Ви посакувам многу успех, многу радост и многу среќа. Ќе бидам и јас многу среќен кога на последниот ден ќе ве видам сите насмеани и радосни", рече претседателот Иванов на отворањето на деветтата Школа за млади лидери.

___________________________________________________________________________________________________________________________________________
Претседателот Иванов: Школата има за цел да ја поттикне самодовербата кај младите луѓе
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ги додели сертификатите на учесниците на деветтата Школа за млади лидери, што од 20 до 31 август 2018 година се одржа во Струга.
Претседателот Иванов пред младите лидери порача дека школата има за цел да ја поттикне самодовербата кај младите луѓе, кои никој пат не треба да се откажуваат од тоа што го наумиле и никој пат не треба да се сомневаат во себе.
„Ова ви е можност да не повторувате туѓи грешки, туку да ги прескокнувате и секој пат во животот да наоѓате решенија, затоа што суштината на животот е секој пат, од секој предизвик да излегувате побогати со нови искуства, нови пријателства и нови начини на решавање на предизвиците кои постојат. Целиот ваш живот ќе биде исполнет со предизвици, со нови барања, потреби, но секој пат, за се има решение, ако постои желба да се дојде до решение", рече претседателот Иванов.

Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2014 Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2013 Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2012 Обраќање на претседателот д-р Ѓорге Иванов на свеченото отворање на Школата за млади лидери - 2011
|